| четврток, 6 декември 2018 |

Тие не го сакаат, но Швајнштајгер им порача дека е подготвен да игра за нив

Германскиот интернационалец Бастијан Швајнштајгер, кој ги минува сигурно најтешките мигови во својата професионална кариера, испрати емотивна порака до сите фанови на Јунајтед.

Популарниот Швајни е деградиран во Манчестер, буквално отстранет, отфрлен од Мурињо поради непозната причина. Единственото објаснување од Мурињо е дека има голема клупа и дека не му се потребни неколку играчи, а еден од нив е Швајнштајгер, кој и покрај неиграњето, испрати емотивна порака до навивачите.

-Манчестер Јунајтед ќе биде мојот последен клуб во Европа. Ги почитувам останатите екипи, но Јунајтед беше единствената екипа поради која би го напуштил Баерн Минхен. Јас ќе бидам подготвен ако сум му потребен на тимот. Тоа е единствено нешто што можам да кажам во оваа ситуација. Им благодарам на фановите за извонредната подршка овие неколку недели“, истакна Швајнштајгер на неговите официјални профили на друштвените мрежи.

Тој веројатно останува во Англија, но ако реши да ја продолжи кариерата, тоа може да биде во иднина во Кина или Америка, бидејки како што најави, ова е последниот негов клуб во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top