| четврток, 6 декември 2018 |

Кире Лазаров: Овој меч покажа дека Македонија има светла иднина

По големиот успех и пласманот на уште едно големо натпреварување, еуфоријата и радоста беше евидентна во македонскиот табор, а посебно кај капитенот Кире Лазаров. Начинот на кој Македонија ја декласира Чешка влева самодоверба пред Европското првенство во Хрватска.

– Одигравме еден од нашите најдобри натпревари, победата од 13 разлика не значи дека Чешка е слаба. Поправивме многу детали како во одбрана така и напад. Играме многу полесно. Оваа победа ни дава голема надеж за нашата иднина. Посебно ме радуваат помладите, кои заедно со нас постарите играат одлично. Делуваат исто како нас, кога на времето игравме со Манасков, Чурлевски… Навистина сум многу задоволен и многу среќен. Направивме нешто големо за нашиот ракомет и за нашата Македонија – изјави капитенот Лазаров.

Со оваа победа Македонија го освои првото место во групата и од поповолна позиција ќе стартува воочи ждрепката за неколку дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top