| четврток, 6 декември 2018 |

„Инфомакс“: Шеќеринска и Заев се возеа во скапиот „Мерцедес“ цел ден – ексклузивна снимка!

Кој се развозува во скапиот блиндиран Мерцедес С600, сопственост на МВР во вредност од 585.000 евра изгребан од мачки, кој пред една недела т.н. министер за внатрешни работи Оливер Спасовски го презентираше пред медиумите со цел да докаже дека истиот бил оставен на милост и немилост, иако неколку дена претходно во истиот се возеа високи претставници на ЕУ, прашува „Инфомакс“ во текстот објавен денеска.

Според текстот што го објавуваат, до нивната редакција пристигнла фотографија и видео снимка, на која се гледа како Мерцедесот се движи кон излезот на Скопје во правец на Велес, а на задното седиште се забележува женско лице кое според дописот од читателот било Радмила Шеќеринска.

Шеќеринска е позната во јавноста по тоа што ја преферира Грција и луксузните одморалишта на Егејското море, каде што минатата година беше фотографирана во лускузна јахта која го носи името на нејзината ќерка.

На фотографијаа може да се забележи Мерцедесот, чист и исполиран од „гребаниците“ на злобните вмровски мачки. Далеку од состојабата во која што беше прикажан од страна на Оливер Спасовски.

Нешто подоцна, односно во доцните вечерни часови, истиот Мерцедес беше забележан пред хотелот „Стоун Бриџ“ паркиран заедно со голем број на дипломатски возила. Истиот од страна на читатели на Инфомакс, е снимен, а читателите тврдат дека во Мерцедесот се возел лично Зоран Заев.

Истиот се упатува од „Стоун Бриџ“ кон Владата, а оттаму кон штабот на СДС. Според информациите на читателите кои го испратија видеото, откако биле забележани дека го снимаат Мерцедесот, истиот ја сменил рутата и продолжил кон Водно.

Дали е ова потврда на шпекулациите дека во Владата преовладеала струјата на Шеќеринска која го осудила како ступиден ПР потегот на Роберт Поповски кој го насамарил Оливер Спасовски да се бламира и да прави прес конференција откако претходно го извалка Мерцедесот кој согласно неговите должности требало да го одржува. Според неофицијални информации Шеќеринска сметала дека блиндираното возило е неопходно на државата и побарала да го користи таа доколку не сакаат другите.

Но, дали е ова и потврда да лагата на Зоран Заев кој во неодамнешното интервју на МРТВ изјави дека тој немал намера да „го води“ Мерцедесот, ниту пак да го продава, а вечерва е снимен и како го „води“ и како се вози во истиот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top