И до сега покажавме дека наш врвен приоритет е реализација на виталните интереси на Македонија, како што се меѓународната интеграција, развојот на економијата, инфраструктурата, отворање на нови работни места, така и во иднина, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на браникот на националните и државните интереси на Република Македонија, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев во Дневникот на Сител на денешната прослава на 27. роденден на партијата.
Како партија, додаде тој, наша визија, наша цел, е да изградиме држава за сите што живеат во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.