| четврток, 6 декември 2018 |

Канческа – Милевска: ВМРО-ДПМНЕ покажа како се работи отчетно (Видео)

Ме радува тоа што граѓаните веруваат во визијата на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа можеше да се потврди и на изборите во декември каде што освоивме најмногу гласови од страна на граѓаните. Сепак таа визија ја потврдува и нашата сплотеност, нашата единственост, и мотото за прославата на 27. роденден на партијата говори за тоа единство, единството кое што овозможи да понудиме еден поинаков концепт на проекти во сите сегменти, како никогаш до сега.

Ова го истакна екс министерка за култура Елизабета Канческа- Милевска во гостувањето во Вестите на Алфа ТВ.

– Направивме многу капитални инвестиции во сите сегменти. ВМРО-ДПМНЕ е партија која покажа како отчетно се работи. Секој може да направи споредба што е ветено, а што е остварено, рече меѓу другото Канческа- Милевскa.

Таа додаде дека партијата продолжува со интензивна и отворена комуникација со граѓаните и будно следење на работата на новата влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top