| четврток, 6 декември 2018 |

Хоби и се врските со поранешни партнери на колешките-Шарлиз Терон сега е со бившиот на Хали Бери

Оскаровката Шарлиз Терон е во врска со канадскиот модел Габриел Обри, поранешниот партнер на Хали Бери со кого актерката ја има ќерката Нала, пишуваат американските таблоиди.

Според американските таблоиди, Шарлиз и Габриел се запознале на крајот на мај во училиштето на своите деца.

– Многу се вљубени еден во друг. Нивната врска е на самиот почеток и јасно е дека сакаат приватноста да ја задржат за себе. Но, она што нивните пријатели го гледаат е фактот дека многу добро се согласуваат – рекол извор близок за американските таблоиди и додал:

-Шарлиз и Габриел почнаа да се среќаваат во училиштето на своите деца, на приредбите и на родителските состаноци. Излегоа неколку пати на вечера, а на почетокот Габриел не сакаше ништо со Шарлиз, иако таа падна на неговиот шарм. Меѓутоа, како што времето поминуваше, така почнаа да сфаќаат дека се еден за друг- завршил изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top