| четврток, 6 декември 2018 |

До сега невиден детаљ на фустанот на Шарлиз го плени целото внимание (фото)

Шарлиз Терон е една од најубавите жени во Холивуд која каде и да се појави го плени вниманието. Така беше и на последната премиера во Лос Анџелес за која популарната актерка одбрала минималистички стил со еден доста интересен детаљ.

sarliz-teron-1460482428-85376

Имено, Шарлиз облекла мал црн фустан со асиметричен крој од модната куќа Диор која се слеала со нејзината вита става, а со кој целосно се вклопија црни Лоубутин потпетици.

sarliz-teron-1460482201-85372

Меѓутоа тоа што веднаш паѓа во око се украсите од циркони во облик на пчели и различни инсекти, распоредени по рамето и грбот на прекрасната ѕвезда. Нема сомнеж дека ова досега е невиден детаљ на црвениот килим.

sarliz-teron-1460482367-85374

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top