| четврток, 6 декември 2018 |

Потресна исповед на актерката: „Mајка ми го уби татко ми за да ме спаси”

Шарлиз Терон зборувала неколку пати за својата семејна трагедија, но никогаш вака отворено.

И покрај сè, актерката вели дека тој настан ја направил силна, и напоменува дека ѝ е благодарна на својата мајка затоа што ѝ го спасила животот.

Според манирите на шармантната Шарлиз Терон, многумина би заклучиле дека доаѓа од богато и среќно семејство, и дека имала детство како од бајка. Сепак, нејзината приказна е многу поразлична и би можела да послужи како сценарио за некој многу напнат трилер.

03-sarlis-teron-majka-123

– Мојата мајка е прекрасна личност. Знам дека сите деца го зборуваат тоа и дека звучи излитено, но јас имам право тоа да го кажам. Мојата мајка ми го спаси животот – раскажала Шарлиз за странските медиуми.

Популарната актерка растела покрај татко алкохоличар кој освен тоа имал и биполарно нарушување. Така се создале услови за психичко и физичко злоставување чии жртви биле Шарлиз и нејзината мајка Герда.

Кога имала 15 години, Шарлиз видела нешто што засекогаш го променило нејзиниот живот. Таа вечер таа се вратила од училиште, а нејзиниот татко Чарлс и чичко ѝ дошле од локален бар. Нејзината мајка била лута и ја заклучила вратата.

– Знаев дека ќе се случи нешто лошо, едноставно, го имав тоа чувство – раскажала Шарлиз.

Кога стигнал пред куќата, нејзиниот татко почнал да пука, прво во оградата, па во кујнската врата. Успеал да ја искрши затворената врата и да влезе во куќата. Застанал пред собата на Шарлиз и бесно почнал да тропа на вратата.

– Ноќеска и двете ќе ве убијам – викал и пукал во вратата со пиштол.

Кога го слушнала тоа, нејзината мајка го зела својот пиштол и го застрелала својот сопруг, а го ранила неговиот брат. Кога сфатила што направила, Герда во желба да ја заштити својата ќерка, ја замолила Шарлиз да замине од куќата.

– Ми рече: ’Оди, направи нешто од својот живот.’ Тоа се жртвите кои ги правите за своите деца. Секогаш ѝ бев на прво место – рекла Шарлиз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top