| четврток, 6 декември 2018 |

Шарлиз Терон претепана, во лоша состојба по операциите (ВИДЕО)

Шарлиз Терон сè уште поминува низ болен процес на закрепнување откако скрши 2 заба за време на снимањето на Atomic Blonde.

Актерката соработуваше со тим од 8 тренери и помина неколку месеци подготвувајќи го своето тело за снимањето на тешките акциони сцени. На почетокот мислела дека ќе треба да се преправа дека се тепа, но режисерот, Дејвид Лич ја убедил да ги сними сцените.

-Моите заби се во лоша состојба. Сè уште одам на операции. Лудо е. За време на тренингот, скршив 2 заба во задниот дел од устата. Ги стискав забите за време на тепачките, затоа што мојата рака очигледно не беше доволно силна, вели Терон.

Премиерата на филмот е закажана за 28 јули, а до тогаш можете да го погледнете трејлерот за филмот, кој освен акциони содржи и неколку лезбејски сцени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top