| четврток, 6 декември 2018 |

Ни криво ни должно-четиригодишно дете си играло, кога почнале да го тепаат

Татко на четири годишно момче вчера попладне пријавил во полиција дека во Делчево на местото викано „Голем рид“, над игралиштето во нас.Стрелиште, без повод и причина физички бил нападнат од лицето А.А.

-Според пријавителот, неговиот син заедно со други деца седеле на наведеното место. Во наведеното време дошол А.А. и почнал да го удира детето, по што му ја свиткал раката, а го удирал и по грбот. Тогаш дошол Ј.А., братот на А.А., и за момент успеал да го фати и спречи А.А. во нападот, но овој се отргнал и повторно почнал да го удира детето, информираат од полицијата.

На местото дошла и сопругата на Ј.А. и на висок тон се обратила кон А.А. да престане да го тепа детето, по што започнала расправија помеѓу браќата.

Полициската станица во Делчево презема мерки и активности за целосно расветлување и документирање на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top