Жена се здобила со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила пред две вечери во Гостивар.
Како што информираат од тетовската полиција, несреќата се случила околу 20.15 часот на раскрсницата од улиците “Браќа Џиновски“ и “Мајор Чеде Филиповски“.
Камион, “Таф 2800“ со битолски регистарски таблици, управуван од Г.В. (48) од Битола налетал и удрил во пешак.
Станува збор за 44-годишната Д.Д. од Гостивар која во тој момент ја преминувала улицата со својот сопруг. Од ударот таа се здобила со тешки повреди во пределот на главата и скршеници по телото. По укажаната лекарска помош во болницата во Гостивар, поради сериозноста на повредите е префрлена на нега во скопските клиники. Нејзиниот сопруг не е повреден во несреќата.
Од полиција велат дека е изврешен увид и дека работат на понатамношно расветлување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


