Во изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција изврши увид на 17 сообраќајни незгоди од кои во 14 полесно се повредени осум возачи на патничко моторно возило, осум сопатници, еден пешак, двајца велосипедисти и двајца возачи на мопед, а три поминале само со материјална штета.
Вчера сообраќајната полиција казнила девет возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците: пет возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, пет возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај, 11 возачи го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, како и 11 пешаци кои поминале надвор од обележан пешачки премин.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постојната сообраќајна регулатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре