Во Скопје за 24 часа се случиле шест сообраќајни несреќи, за кои увид направила сообраќајната полиција. Од нив, три се со последица материјална штета и три со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патнички моторни возила и еден сопатник во возило.
Вчера се казнети и 24 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење на возилата, 11 возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото, осум возачи кои поминале на црвено светло на семафорите и седум возачи кои ги управувале своите возила со истек на важноста на возачката дозвола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.