| четврток, 6 декември 2018 |

15 знаци дека дошло лето во Македонија – ПЕРО ОДМА ДОМА ОТИ ТИБАВ МАЈКАТА

1. Зголемен број на клиенти во банките
Немаштијата нема да те сопре „да му ебеш матер на гркот ко ќе одиш да му оставиш 1000 евра, па да се чуди“. Додуша овој одмор ќе го исплатиш во 2022-ра на пет години со каматна стапка од 5.6% фиксна во првата година ама и ти си човек.

2. Паѓа вредноста на австралискиот долар
Во зима вредноста на австралискиот долар е околу 46 денари за еден долар во лето стига колку две паломи за еден долар. Ама ти е гајле, не си ги заработил, ти ги дала некоја тетка која нема пак да ја видиш па така ги раситнуваш тие 10 долари и одиш во летно диско.

3. ЛУКИЈАНННННН МАМИЧКА АЈДЕ ДОМА ВАРЕНАТА БРОКУЛА ТИ Е ВО ПЕРФЕКТНА ТЕМПЕРАТУРА ЗА ДА ГИ ПРИМИШ СИТЕ ЕНЗИМИ И ХРАНЛИВИ МАТЕРИИ
Нема повеќе „Фрли ми сендвич, фубал играме“. Нема, кога е готова брокулата се знае, го заклучува Лукијан мобилниот, го стопира фиџетспинерот и оди домада конзумира брокулата со пластична лажица затоа што металната може да доведе до несакана оксидација и други хемиски процеси.

4. ПЕРО ОДМА ДОМА ОТИ ТИБАВ МАЈКАТА

Има и други видови на рикања од зградите за време на летото. Не јадат сите брокула, некој вози Лада и пие ракија на +45. Обично Перо е побрз од Лукијан во стигањето до дома затоа што нејадењето ќотек со ремен од ЈНА е многу попримамливо од јадењето брокула со пластична лажичка. И плус Лукијан е слабокрвен ради неухранетоста.

5. Циклон Б гас за екстерминација низ автобусите

Запотени потпазуви треба да се забранети со Женевската конвенција. Обично кој и да е носител на овој боев отров не може да најде место за седење па стои со крената рака со што дејството на овој нервен гас лесно се распоредува на просторот на цел автобус. Но како да го препознаете присуството на овој нервен гас? Лесно: – Ве печат и ви солзат очите – Од автобусот почнуваат да се одлепуваат лепениките за сигурност и за влез и излез – Ви навираат суицидални мисли – Сензорите за мирис се чувствуваат како да се силувани – Во крајна фаза осеќаш блага поспаност и се радуваш дека можеби смртта дошла по тебе – Слегуваш седум станици пред твојата крајна дестинација

6. Таксистите носат крпа околу врат

Што е добро, затоа што потта може да им влезе во очите и да направат беља, да им ги нагризе седиштата на автомобилот и слични нуспојави. Лошо е што цело лето ја носат истата крпа.

 

Останатите знаци прочитајте ги на Мојо.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top