– А.Д. ЕЛЕМ ќе ги објави јавните повици за набавка на рударска опрема за РЕК „Битола“ и за изградба на систем за топлификација на Битола, Новаци, Логоварди и Могила во вредност од околу 80 милиони евра – најави денеска генералниот директор на компанијата, Христијан Мицкоски.
Јавниот повик за набавка на рударска опрема за ископ на јаглен во вредност од 34 милиони евра, обезбедени од сопственото тековно работење на компанијата, ќе биде објавен денеска, а за изградба на систем за топлификација во Битола, вреден 46 милиони евра од кои 7 милиони сопствени средства, а 39 обезбедени со заем преку КфВ банката, за кој се завршени сите неопходни постапки, утре. Повиците ќе бидат објевени во македонските и меѓународните гласила.
Нагласи дека во текот на вчерашниот ден добиле документ од КфВ банката во кој нема приговор на комерцијалната и техничка тендерска документација на А.Д. ЕЛЕМ за објавувањето на јавниот повик за изградба на топлификацискиот систем, документ кој го чекале за да може да се објави јавниот повик.
Прашан зошто токму сега се објавуваат јавните повици, Мицкоски рече дека објавувањето на тендерските постапки е резултат на процес кој е почнат пред неколку години со многу пресметки и направени анализи. За првиот јавен повик, како што кажа, средствата се обезбедени од успешното работење на компанијата.
– Проектот за набавка на рударска механизација е неопходен и е предвиден во финансискиот план на компанијата од минатата финансиска година за оваа. Обезбедени се средствата преку успешната работа, се обративме до Советот за јавни набавки, изготвивме тендерска документација, добивме позитивно мислење за комерцијалниот и техничкиот дел и не гледам никаква пречка да може А.Д. ЕЛЕМ да го распише овој повик додека јас го раководам Управниот одбор – рече Мицкоски.
Тој очекува набавката на новата рударска опрема за РЕК „Битола“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.