Еурофарм Работник и тренерот Андон Бошковски постигнаа договор за продолжување на соработката и за следната сезона. Битолскиот суперлигаш на обострано задоволство ќе продолжи ќе тргне и во новите предизвици со тренерот кој го обезбеди првото излегување во Европа.
Бошковски ја презеде клупата на почетокот од 2017 година и заврши на петтото место во Суперлигата и играше во финалето на Купот на Македонија. Така, Еурофарм Работник обезбеди место во европските купови и ќе ја претставува нашата земја во Челинџ Купот.
Серхио Барош и Ашраф Адли го напуштија клубот од Битола на истекот на договорот. Деновиве треба да бидат познати нивните замени. Клубот се наоѓа пред потпис со репрезентативецот Гоце Ојлески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.