| четврток, 6 декември 2018 |

Овој тренер има морбидни ритуали: Пред секој важен ангажман оди на гробишта… (видео)

Вардар денеска ќе гостува во Велење, на последниот натпревар во 2017 година. Македонскиот клуб досега победи на сите натпревари одиграни во СЕХА Гаспром шампионатот и очекуваме победнички и да ја спушти завесата.
Предводен од Жељко Бабиќ, одличен тренер и чудна, специфична личност. Легендарни се неговите изјави од времето кога  беше селектор на Хрватска, во 2016 година, на ЕП Полска (погледнете го видеото).


Деновиве беше објавено негово интервју за словенечкиот „Дневник“ во кое открива уште пикантерии, да не кажеме бизрани детали од неговите ритуали. Покрај тоа што уште еднаш кажа дека тоа што работи како тренер е божја волја, откри и уште еден чуден ритуал.

-Секогаш кога ќе добијам нов ангажман и одам во нов град, прво одам на градските гробишта во тој град“, изјави Бабиќ.
На прашањето зошто го прави тоа, одговори:
-Таму е закопано минатото на тој град. Луѓето што овозможиле градот да живее, одам таму за да им оддадам почит. Ако не го почитувате минатото, тогаш не можете да ја почитувате ниту сегашноста. Таму се молам, наоѓам многу мир и чувствувам љубов, изјави Бабиќ.

Бабиќ се „прослави“ на ЕП Полска кога неговата Хрватска со 14 гола разлика ја совлада домашната Полска и ја елиминираше од битка за медал. По мечот изјави дека тоа е „Чудо од Меѓугорје“ и му се заблагодари на својот пријател Исус. И на Исусовиот пријател Златко. (Златко е инаку свештеник од Хрватска).
Натпреварот меѓу Горење и Вардар ќе се одигра вечерва со почеток од 20:45часот.

 

извор: .g-sport.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top