Стружани веќе два месеци се гушат од непријатната миризба и густиот чад кој се шири од депонијата која постојано гори. Граѓаните се револтирани и бараат брзо решение на оваа состојба. Тие излегоа на протести, бидејки решение за илегалната депонија сеуште нема, најавија и блокади на неколку правци.
Бидејки заслужуваат да дишат чист воздух, стружани бараат итно затворање и дислокација на местото за одлагање на отпадот.
Но засега не се знае кога и дали ќе се затвори депонијата, ниту дали ќе биде преместена.
Струшката депонија е долгогодишен проблем кој ниту еден од градоначалниците не го реши. Ниту новиот министер без ресор Рамиз Mерко, кој долги години беше струшки градоначалник, ниту пак коалициониот партнер на СДСМ Зијадин Села не го решија проблемот со депонијата. Дополнително, и во мандатот на Mерко, и во оној на Села, министер за екологија беше човек од редовите на ДУИ.
За решение во најбрз можен рок пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски денеска од Собраниската говорница повика да се отвори итна седница и рече дека оваа ситуација со Струга треба да биде прв момент во кој Собранието треба, може и мора да се натфрли.
– Имаме проблем, акутен и ова што во овој момент го гледам во Струга е стварно надвор од она што може да се толерира. Да не дозволиме акутниот проблем во Струга да стане хроничен како во некои други општини, без да споменувам други општини. Ние како група на избрани пратеници можеме да доставиме материјал до Собранието, но тој материјал не сакаме да бидеме политички памфлет, истакна Димовски.
Тој ја повика владата да достави барање до Џафери за свикување итна седница за ова прашање, но појасни дека доколку владата не го направи тоа до 16:15, истото ќе го направат пратениците од Коалицијата „За подобра Македонија“.
Засега министерството ја препушта работата на експертски тимови кои следниве денови ќе ја испитуваат состојбата.
Проблемот со депонијата ќе го решат со користење средства од ИПА фондовите.
Се задушуваат од смрдеа: Граѓаните на Струга продолжуваат со протести поради дивата депонија (Видео)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.