| четврток, 6 декември 2018 |

Заев продолжува да изненадува: 70 илјади албански гласачи бараат да се возврати дадената поддршка!

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, продолжува да ги изненадува 70 илјади албански гласачи кои гласале за неговата партија. До сега, како награда за овие гласови, Албанците од Заев добиле само два пратеници (70 илјади гласови носат најмалку 8 пратеници) и еден министер.

Ова ги револтираше поддржувачите Албанци на СДСМ.

-ДР-ДПА и НДП со по еден автобус гласачи зедоа министерства и многу позиции во Влада, додека пак СДСМ со 70 илјади албански гласачи не назначи ниту еден Албанец за позицијата зм/министер или државен секретар. Тоа е парадокс што албанците нема да му го простат на Заев, вели еден револтиран поддржувач на СДСМ.

Висок албански функционер на СДСМ, вели дека наскоро се очекува Албанците да превземат мерки за бунт против ова не исклучувајќи ја можноста за негласање и повлекување на пратениците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top