| четврток, 6 декември 2018 |

Чешките ракометари пред пласман на завршницата на ЕП

Ракометарите на Чешка го победија Исланд со 27-24 во квалифиакциите и се пред пласман на завршницата на Европското првенство во Хрватска.

Македонија со триумф на утрешниот меч во Украина ќе си обезбеди пласман на ЕП 2018 во Хрватска, откако во денешниот прв меч од петтото коло во нашата група Чешка славеше над Исланд. Со тоа Чесите се први со шест бода, а може да им се приклучи и Македонија во случај на утрешна победа. Исланѓаните остануваат на четири, па дури и со нивна победа и пораз на Македонија (дома со Чешка) во последното коло нашата селекција би останала пред островската репрезентација поради подобриот меѓусебен скор.

Македонија утре го игра својот натпревар од петтото коло, на гостински терен против Украина, а победа на „црвено-жолтите“ ќе значи и сигурен пласман на ЕП. Во случај на пораз во Украина, македонските ракометари ќе треба во последното коло на домашен терен да ја совладаат Чешка за да стигнат до билет за шампионатот во Хрватска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top