СДС според познавачите на состојбите своите планови за влез во НАТО и ЕУ ќе ја темели на стратегијата која владата на ВМРО-ДПМНЕ ја постави, да се искористи пресудата на меѓународниот суд во Хаг, со која Македонија има право да членува во меѓународни институции под привремената референца.
Професорот Тони Дескоски кој беше дел од тимот кој ја поднесе тужбата до судот во Хаг против Грција истакна дека во 2008 година Грција ја повреди својата обврска, го прекрши договорот за добрососедство со Република Македонија.Република Македонија мора да декларира отворено и јавно дека бара Грција да се придржува кон своите обврски од времената спогодба која што е се уште на сила помеѓу нас и нив, акоја што времена спогодба е гарантирана од САД и ЕУ.
Тој ги отфрла сите обвинувања кои изминатиот период доаѓаа од круговите на СДС, но и од Грција дека Македонија на било кој начин придонела кон влошување на меѓусоседските односи со Грција во изминатиот период.
-Имаше обвинување и имаше пресуда дека нема ни П од прекршување на времената спогодба. Значи Македонија останала во рамките. А што ни се праќа како порака дека треба да имате добрососедски односи. Значи работите треба да се постават на вистинската основа, кој е тој што ги прекршува добрососедските односи помеќу Македонија и Грција. Оној кој што ја прекршува спогодбата за мир и добрососедство или оној кој што е во рамките на спогодбата – рече Десковски.
Според Дескоски пресудата на судот во Хаг е најдобра потврда дека Македонија ниту прекршила одредби од привремената спогодба, ниту на било кој начин покажала иредентизам кон Грција.
-Во Хаг тие ја изнесоа целата своја надворешна политика вклучително и содржината на наводниот иредентизам. Иредентизмот се состоеше во прекршување на една серија на наши обврски од времената спогодба. Што одлучи судот? Дека нивните тврдења се толку небулозни што се надвор од реалноста. Значи Грција е поразена, нивната политика за името е поразена. Некој на грчката страна да и каже добро каде се состои иредентизмот, бидејќи видовме дека сите манифестации на тој иредентизам не постојат и да ги замоли да престанат да не обвинуваат за иредентизам во ситуација кога имаме судстка пресуда со која што е утврдено дека тој иредентизам не постои, истакна Десковски.
Да биде иронијата поголема денес СДС говори дека стратегијата е Македонија да се зачлени во ЕУ и НАТО под привремената референца, нешто поради кое и владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го покрена спорот пред судот во Хаг. Тогаш СДС излегуваше со напади кон овој чекор дека е нерационален и контрапродуктивен. Имено на прес конфереција на СДС како што пренесоа медиумите тогашниот потпретседател Гордан Георгиев обвини дека Македонија по пресудата во Хаг повторно влегува во погубни сценарија. Потпретседателката на СДС во истиот период велеше дека пресудата не овозможува членство во НАТО и отпочнување на преговорите со ЕУ.
Ова според познавачите на Македонската надворешна политика само покажува колку лицемерно и нестабилно се однесува СДС за едно вака значајно прашање како што е спорот за името со Грција.
Извор: Вест
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.