| четврток, 6 декември 2018 |

13 и 12 години затвор за тројцата обвинети за злоупотреба на малолетничката која остана бремена

Тринаесет, односно 12 години затвор пресуди скопскиот Кривичен суд за тројцата обвинети за трговија со дете, во случајот со сексуалната злоупотреба на малолетничка штитеник на домот „Ранка Милановиќ“, која остана бремена. Пред судот сите тројца ја признаа вината.

Минатата недела во обвинението беше објавен детално хоророт низ кој минало девојчето. Првообвинетата Мајмире Дестанова цела вечер го продавала малолетното девојче во кафани во Кавадарци за 12.000 денари.  Од Кавадарци, Дестанова го однела девојчето во Радовиш, во куќата на невенчаниот сопруг на 12-годишната штитеничка, второобвинетиот Ерол Јашаров, кој во наредните 10 дена сексуално ја злоупотребувал и ја тепал. Го повикале и неговиот внук, третообвинетиот Сезар Раимов кој иако знаел дека е жртва на трговија со луѓе, учествувал во сексуалното злоупотребување и се изживувал со неа.

По признанието на вината, на Дестанова и се досудени 13 години затвор, додека Јашаров и Раимов заработија по 12 години казна затвор. Според информациите од судот, Дестанова имала 10-тина пресуди од различни судови низ државата за кражби, измами и разбојништва. По една до две пресуди имаат и другите двајца обивнети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top