| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ и ДУИ го договорија законот за јазиците, за експертите тој е противуставен

СДСМ и ДУИ го договориле новиот Закон за јазици, според кој собраниските и владините седници би се воделе на албански јазик. Ова вчера го изјави Теута Арифи, висок партиски функционер и градоначалник на Тетово во емисија на телевизија „Арт“.

СДСМ и ДУИ го договориле новиот Закон за јазици, според кој собраниските и владините седници би се воделе на албански јазик. Ова вчера го изјави Теута Арифи, висок партиски функционер и градоначалник на Тетово во емисија на телевизија „Арт“.

 -Тоа е дел од договорот кој го имаме за употреба на албанскиот јазик, што значи во законот за употреба на албанскиот јазик се предвидува водење на Парламентот на албански јазик. Значи, кога Законот ќе дојде во Парламентот и кога ќе се изгласа од Парламентот, нормално дека Претседателот на Собранието ќе може да ги води седниците на албански јазик, исто и функционерите на владините седници ќе можат да го користат албанскиот јазик. Ова е дел од Предлог- законот за употреба на албанскиот јазик за кој имаме договор.
Од СДСМ се уште молчат во врска со ова прашање, а од ВМРО – ДПМНЕ велат дека во врска со ова ќе се произнесат откако ќе го добијат законот за јазици кој е договорен меѓу албанските партии и СДСМ.
Експертите пак, велат дека новиот Закон за јазици е против уставен и дека ќе биде потребна согласност од сите партии затоа што единствен службен јазик во Македонија е македонскиот јазик.
Тие сметаат дека се што е во рамките на Уставот е дозволено и дозволиво а се што не е во рамките – ќе мора да се ревидира и тоа дефинитивно нема да се оствари она барање дека за 2 службени јазици на територијата на Македонија бидејќи не е во согласност со Уставот а мене тоа асоцира дека и албанските партии и СДСМ ретерираат од оние почетни позиции…
Според познавачите на политичката состојба, новиот Закон за јазици ќе може да се изгласа со просто мнозинство односно со одобрување на 40 пратеници, но тоа според нив, нема да значи и воведување на двојазичност на целата територија на Македонија.
Инаку официјализирањето на албанскиот јазик беше еден од условите на албанските партии со кој што Заев ја доби поддршка од нив за формирање на Влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top