| четврток, 6 декември 2018 |

И Австралија се откажа од хомеопатијата

Хомеопатските лекови не треба да се продаваат во аптеките во Австралија бидејќи претставуваат „неприфатлив ризик“ за потрошувачите, покажа едно независно истражување.

Во истражувањето на панелот за ревизија на регулативата во фармацевстската индустрија професорот Стивен Кинг открива дека хомеопатијата и нејзините производи не смеат да се поврзат со конвенционалните лекови.

– Единствено што може да се каже во одбрана на хомеопатијата е тоа дека е безопасна и дека во некои околности може да делува како плацебо-ефект. Овој аргумент не е доволен да се оправда продажбата на тие прозиводи во аптеките – пишува во извештајот.

Хомеопатите веруваат дека супстанците кои предизвикуваат болест во мали дози претставуваат лек и луѓето се лечат со раствор на тие супстанци во вода или алкохол. Тие тврдат дека тие супстанци ги „памтат“ оригијалните супстанци и на тој начин телото се лекува.

Овие тврдења се покажеле дека не се точно во многу студии.

Исто така, на почетокот на годината Руската академија на наук официјално ја прогласи хомеопатијата за лажна наука.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top