| четврток, 6 декември 2018 |

„Лебедово езеро“ на Чајковски ни доаѓа во живо на големото платно во „Синеплекс“!

Љубителите на балетот и посетителите на киното „Синеплекс“ вечерва ќе имаат ексклузивна можност да го проследат преносот во живо на еден од најпознатите балети „Лебедово езеро“.
Од балетската куќа која секогаш ни претставува најдобри светски артисти, извонредна музика и сензационални балети ни пристигнува специјална изведба на „Лебедово езеро“. Со оваа изведба се означуваат 275 години од рускиот балет во Зимската палата: пред 275 години императорката Ана наредила децата на империјата да ги научат „странските чекори“. Ова довело до откривање на многу таленти кои го инспирирале светот… Ана Павлова, Васлав Нијински, Рудолф Нурејев, Михаил Баришников, Џорџ Баланшајн, кој го создаде „Њујорк сити балет“ и многу други.
Photo 06-02-2013 20 04 26

Екатерина Кондаурова, која ја толкува улогата на Одета, додава дека ѝ особена чест да игра во „Лебедово езеро“. Лук Џенингс од „Обзервер“ изјавува: „Марински е најпочитуваната балетска куќа во светот и со нивната изведба на „Лебедово езеро“ ни покажаа и зошто. Тоа е чистота на стил и школување“.Изведбата на балетот „Лебедово езеро“ ќе биде прикажана во повеќе од 50 земји низ светот.
Овој посебен настан ќе биде снимен во театарот Марински и симултано пренесен на големото платно на најсовремениот аудиториум – Марински 2, кој беше отворен пред еден месец во Санкт Петербург. Специјални гости и илјадници интернационални љубители на спектакуларните изведби на Марински ќе гостуваат во овие два големи театри: еден историски и еден комплетно нов.
Изведбата претставува совршена венчавка на уметноста и технологијата: најдобрата балетска куќа во светот и најсовремената технологија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top