| четврток, 6 декември 2018 |

„Лебедово езеро“ на сцената на МОБ

Балетската класика која ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото „ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО“ – П. И. Чајковски ќе биде прикажана на 30 октомври 2018 со почеток во 20 часот во Македонската опера и балет.
Ода за моќта на љубовта! Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети, и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид.
Во улогaта на Одета / Одилија ќе настапи 
Мими Поп Алексова Атанасовска, во улогата Принцот Зигфрид: Васил Чичијашвили (Грузија), Ротбарт: Игор Веланоски
Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ. Диригент: Бисера Чадловска
Ова универзално и волшебно ремек-дело на љубов, измама и драма не смее да се пропушти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top