| четврток, 6 декември 2018 |

Државниот балет на мраз од Санкт Петербург со „Лебедово езеро“ гостува во МОБ

Во Македонската опера и балет првпат во Македонија денеска и утре ќе гостува Државниот балет на мраз на Санкт Петербург, кој ќе ја изведе претставата „Лебедово езеро“ на Петар Илич Чајковски.

Балетот е основан во 1967 година од истакнатиот кореограф Константин Бојарски и музичкиот директор Лео Корхин. Од 1995 почнал да одржува претстави низ оперските и балетските сали низ светот.

На својот репертоар ги имаат поставено најпознатите балетски претстави „Лебедово езеро, „Заспаната убавица“, „Оревокршачка“… кои се изведуваат на мраз, надополнети со грандиозна костимографија и сценографија.

Првата претстава е денеска во 18 часот, а втората во 21 часот. Утре, сабота, 17 декември првата претстава е во 18 часот, а втората е во 22 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top