Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо не жали пари кога се работи за деца. Познато е дека тој има едно дете кое го носи неговото име и е добиено од сурогатмајка во САД. Жената што го родила има потпишано договор дека никогаш нема да проговори и дека за тоа добила чек од неколку милиони долари.
Истата шема Кристијано ја искористи и за близнаците Ева и Матео, кои на свет дојдоа пред неколку дена. И нив на свет ги донесе сурогатмајка на која ѝ биле исплатени 17 милиони долари.
Но, семејството Роналдо наскоро би можело да се зголеми за уште еден член бидејќи таблоидите пишуваат дека неговата девојка Гергина е трудна и дека очекуваат дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.