| четврток, 6 декември 2018 |

Џиџи Донарума ги разреши сите дилми, останува во новиот проект на Милан

Џанлуиџи Донарума е подготвен да ги отстрани дилемите околу својата иднина и да потпише нов договор со Милан на почетокот од следната седмица. Ова го најавува италијанскиот весник „Кориере дело спорт“, кој тврди дека по разгледувањето на останатите опции, младиот голман сепак избрал да остане на „Сан Сиро“ и да го продолжи договорот што му истекува во јуни 2018 година.

Во ситуација кога подготовките почнуваат на стартот на јули, раководството на Милан и тренерот Монтела инсистираа што поскоро да биде разрешена дилемата околу голманската позиција, дали Донарума ќе остане или ќе биде продаден, што ќе значеше и потрага по нов чувар на мрежата. Сепак, „Кориере“ тврди дека работата е завршена, веќе се договорени и главните прашања околу финансиите, а договорот ќе биде потпишан пред почетокот на ЕП за младинци во Полска.

Агентот на Донарума, Мино Рајола, инсистира во новиот договор да има клаузула за предвремен раскин, која „росонерите“ најверојатно ќе ја постават над 60 милиони евра, за во следниот период да имаат можност добро да заработат на својот најталентиран фудбалер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top