| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот

Италијанскиот јавен обвинител отворил истрага под сомнение дека имало нелегални активности при продажбата на фудбалскиот клуб Милан. Газета дело спорт и Тутоспорт пишуваат дека под истрага е делот кога кинескиот бизнисмен Јонгхонг Ли го презел клубот од Силвио Берлускони.

Ли во април минатата година го презеде Милан, финансиран од американскиот фонд „Елиот менаџмент“. Од тој момент почнаа шпакулациите дека во текот на продажбата постоеле „сомнителни трансакции“. Поради тоа обвинителството во Милано отворило истрага. Покрај истрагата, Ли се сочува и со уште два проблеми, долгот кон „Елиот менаџмент“ и кршењето на финансискиот фер-плеј на УЕФА.

Акционерите мораат да одобрат уште 35 милиони евра за управување со клубот до крајот на сезоната, а парите повторно ќе дојдат од „Елиот менаџмент“. На овој инвестициски фонд клубот веќе му должи 303 милиони американски долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top