Заев, Шекеринска и Димитров утре во Брисел ќе се сретнат со генералниот секретар на НАТО Столтенеберг, со еврокомесарите Могерини и Хан.
Заев најавува дека Македонија многу брзо ќе биде членка на НАТО,а тоа ќе го направел под привремената референца, додека паралелно би продолжиле разговорите за името.
Во меѓувреме денеска грчкиот шеф на дипломатијата Коѕиас го повтори ставот: прво името, па НАТО, истиот став кој што и грчкиот премиер Ципрас му го соопштил на Заев телефонски.
Коѕиас е дециден дека грчката влада нема да потклекне под притисоци за прием на Македонија во НАТО под времената референца.
-Атина нема да отстапи од своите ставови и земјата ќе стане дел од НАТО алијансата само откако ќе се реши спорот со името- нагласува шефот на грчката дипломатија.
Оттука, многу легитимно е прашањето, дали на средбите со тројката- Заев, Шекеринска и Димитров- во Брисел на тапет нема да биде промена на името на државата?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.