| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Франција: Жена со бомба се заканува дека ќе разнесе банка во Ним

Вооружена жена, која е на возраст од околу 60-тина години, во банка во близина на градот Ним, на југот на Франција, се закани дека ќе ја разнесе зградата во воздух.

Персоналот од зградата беше евакуиран, како и клиентите, објавија француските медиуми.

Осврнувајќи се на полициски извори, телевизијата „Франс 3“ објави дека жената, која веројатно е клиент во банката LCL, утринава влегла во зградата на банката и им рекла на присутните дека со себе носи бомба во торбата и дека е подготвена да ја активира.

На местото на настанот веднаш е испратен тим на вонредната полиција, чие име засега не се соопштува.

Според полициски извори, жената не 1 позната на полицијата од претходно.

Полицијата додаде дека операцијата е сè уште во тек и дека засега жената не го соопштила мотивот на нејзината постапка, нуту, пак, имала некакви барања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top