-Јасно е дека имаме еден мал проблем што шест наши фудбалери имаме жолти картони, но не мислиме на Италија. Ако може да се победи без жолти картони и казна, би било најдобро. Но, верувајте никој не мисли на Италија, кога веќе пристигнавме во Македонија. Добрите играчи како Иско можат да играат на повеќе места. Не сакам да му ја земам работата на селекторот, тој ќе одлучи кој каде ќе игра. Не мислиме на свирежите за Пике, мислиме на натпреварот. Противникот е премногу сериозен за да мислиме на други работи- посочи Серхио Бускетс, фудбалерот за врска на Барса, кој со шпанската репрезентација утре ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Македонија во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето