Диетата со јајца е проверен начин, со помош на кој за кратко време можете да се ослободите од вишокот килограми. Постојат неколку нејзини верзии, а на вас ви ја презентираме најмногу умерената, која се базира на намален внес на јаглехидрати.
За да ја избегнете монотонијата што е честа причина за неуспехот на диетите, можете во менито да вклучува некои дополнителни намирници. Освен јајцата, топло се препорачува следнава храна која треба да вклучите во секојдневната исхрана: пилешко месо, мисиркино месо, риба, овошје и зеленчук со малку количество јаглехидрати, билни чаеви без шеќер и вода.
Значително треба да го намалите внесот на јаглени хидрати, а лебот, тестенините и компирите се строго забранети. За три месеци придржување кон овој режим на исхрана, можете да ослабете до 30 кг. Еден од оние кои ја препорачуваат оваа диета е холивудскиот актер Адријан Броди, кој успеа да симне 15 килограми спремајќи се за улогата во филмот „Пијанист“. Неговата верзија на оваа диета е следнава: јајца за појадок, малку парче печено пилешко за ручек и парче риба со зеленчук за вечера.
Еве пример за тоа како може да изгледа менито за еден ден:
Појадок: две варени јајца и половина грејпфрут
Ручек: печено пилешко без кожа и марула
Вечера: омлет од две јајца со спанаќ и домати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.