| четврток, 6 декември 2018 |

Се враќаат изместените вредности од транзицијата: Реформа е уна­пре­ду­ва­ње на екстерното, уки­ну­ва­ње­то е по­ли­тич­ки ка­приц

Не­ма ли ка­па­ци­тет но­во­то ра­ко­водс­тво на МОН ме­сто да вр­ши ана­ли­за на ана­ли­зи­ра­но­то да обез­бе­ди уна­пре­ду­ва­ње на ве­ќе спро­ве­де­ни­от мо­дел? На­ја­ви­те за отво­ра­ње „ши­ро­ка, оп­шта де­ба­та“ оста­ва­ат до­вол­но ши­рок, општ, про­стор за сом­неж де­ка уки­ну­ва­ње­то на ек­стер­но­то бе­ше по­ли­тич­ки ка­приц, од­маз­нич­ка по­бе­да, а не ре­ше­ние со кое де­ца­та ќе до­би­јат по­ква­ли­тет­но обра­зо­ва­ние, кое ќе им обез­бе­ди пе­тки во сви­де­телс­тва­та и зна­е­ње во гла­ва­та

Тоа што за пен­зи­о­не­ри­те е зго­ле­му­ва­ње­то на пен­зи­и­те, тоа за уче­ни­ци­те бе­ше уки­ну­ва­ње­то на ек­стер­но­то те­сти­ра­ње. И две­те ве­ту­ва­ња беа дел од ре­фор­ми­те на „ре­фор­ма­то­рот“ За­ев. Ток­му уки­ну­ва­ње­то на ек­стер­но­то те­сти­ра­ње го оз­на­чи по­че­то­кот на ра­бо­та­та на не­го­ва­та вла­да. По­пу­ли­стич­ка мер­ка ши­ро­ко поз­дра­ве­на од ро­ди­те­ли­те и од де­ца­та. Но, што до­бив­ме се­га, отка­ко ек­стер­но­то ве­ќе го не­ма?

Иа­ко не­по­пу­лар­на мер­ка за уче­ни­ци­те, ек­стер­но­то те­сти­ра­ње бе­ше не­оп­хо­ден од­го­вор на др­жа­ва­та на за­сто­ја­но­ста на во­ди­те што про­те­ку­ва­ат низ обра­зов­ни­от си­стем. Бр­зи­от гло­ба­лен тек и ми­ни­мал­ни­те по­ме­сту­ва­ња во обра­зов­ни­от си­стем со го­ди­ни­те соз­да­доа обра­зов­но мо­чу­ри­ште, кое поч­на да про­из­ве­ду­ва од­лич­ни уче­ни­ци со сла­бо зна­е­ње. Ек­стер­но­то те­сти­ра­ње тре­ба­ше да би­де, по­ши­ро­ко, и оп­штес­твен ко­ре­ктор на вред­но­сти­те из­ме­сте­ни во тран­зи­ци­ја­та.

-Ни­ка­де во све­тот не­ма да нај­де­те од 26 уче­ни­ка, 24 да би­дат со си­те пе­тки. Тоа не е ре­ал­но и тоа се слу­чи во при­ва­ти­за­ци­ја­та, ко­га но­во­пе­че­ни бо­га­та­ши ин­си­сти­раа на­став­ни­ци­те да им обр­ну­ва­ат вни­ма­ние на нив­ни­те де­ца и да им ги по­да­рат си­те пе­тки. По­тоа на­став­ни­ци­те чув­ству­ваа од­го­вор­ност де­ка на де­те што не знае за двој­ка му ста­ва­ат пе­тка, наг­ла­си во не­о­дам­неш­но­то ин­терв­ју пре­тсе­да­те­лот на ВМРО-ДПМНЕ и пре­ми­ер на вла­да­та што ја во­ве­де оваа ре­фор­ма, Ни­ко­ла Гру­ев­ски.

Ток­му за­тоа ек­стер­но­то бе­ше за­мис­ле­но ка­ко ре­фор­ма со по­ве­ќе­крат­ни ефе­кти, а цел­та бе­ше да обез­бе­ди по­об­је­ктив­но оце­ну­ва­ње и по­ква­ли­тет­но обра­зо­ва­ние. Тоа зна­чи ре­ал­ни оцен­ки, кои со­од­вет­ству­ва­ат со по­ка­жа­но­то зна­е­ње на уче­ни­ци­те. Ек­стер­но­то те­сти­ра­ње тре­ба­ше да би­де пот­тик за на­став­ни­ци­те да ги усо­вр­шат пре­да­ва­ња­та, но и да ги на­те­ра уче­ни­ци­те по­се­ри­оз­но да им при­ста­пат на сво­и­те учи­лиш­ни об­вр­ски. Ко­неч­но, ек­стер­но­то те­сти­ра­ње тре­ба­ше да ги за­шти­ти на­став­ни­ци­те од при­ти­со­ци­те на ам­би­ци­оз­ни­те ро­ди­те­ли де­ка нив­но­то де­те мо­ра да има ма­кси­мал­на оцен­ка на кра­јот од учеб­на­та го­ди­на.

Се­пак, пр­ви­от ден од ју­ни на уче­ни­ци­те им до­не­се при­вид на ра­дост – ек­стер­но­то е уки­на­то и не­ма вра­ќа­ње на­зад. Ба­рем та­ка изг­ле­да за­се­га. Тоа што нѐ те­ра да се пра­ша­ме да­ли е, на­ви­сти­на, та­ка е из­ја­ва­та на Ре­на­та Тре­нев­ска – Де­ско­ска, ко­ја се сог­ла­су­ва де­ка тре­ба да по­стои си­стем за ева­лу­а­ци­ја во учи­ли­шта­та.

– Са­кам ед­на ши­ро­ка, оп­шта де­ба­та со си­те во ко­ја за­ед­но ќе го нај­де­ме нај­до­бро­то ре­ше­ние. Ние има­ме мер­ки што сме ги пред­ло­жи­ле во про­гра­ма­та, но мис­лам де­ка тие тре­ба да по­ми­нат низ јав­на де­ба­та и со под­др­шка на нај­ши­ро­ка­та јав­ност да го из­ва­ди­ме нај­до­бро­то. Ако сме­та­ат де­ка не е тоа нај­до­бро­то – ќе го сме­ни­ме и ќе во­ве­де­ме нов кон­цепт – из­ја­ви Де­ско­ска.

„Ши­ро­ка­та, оп­шта де­ба­та“ оста­ва до­вол­но ши­рок, општ про­стор да ро­ди сом­неж де­ка уки­ну­ва­ње­то на ек­стер­но­то бе­ше по­ли­тич­ки ка­приц, од­маз­нич­ка по­бе­да, а не ре­ше­ние. По­твр­да на оваа прет­по­ста­вка до­а­ѓа од са­ма­та Де­ско­ска, ко­ја нај­а­ви де­ка „во ид­ни­на ќе се ра­бо­ти на нов мо­дел за да се ана­ли­зи­ра­ат сла­бо­сти­те, кои го до­ве­доа обра­зов­ни­от си­стем до дно­то“. Пра­ша­ње­то што се отво­ра е не­ма ли ка­па­ци­тет но­во­то ра­ко­водс­тво на МОН, ме­сто да вр­ши ана­ли­за на ве­ќе ана­ли­зи­ра­но­то, да обез­бе­ди уна­пре­ду­ва­ње на ве­ќе спро­ве­де­ни­от мо­дел.

Оваа па­ра­до­ксал­на си­ту­а­ци­ја ќе соз­да­де не­ко­ја фор­ма на ек­стер­но, ко­ја овој пат, ќе би­де со друг на­зив, „си­стем за ева­лу­а­ци­ја“.

– Ние ни­ко­гаш не ре­ков­ме де­ка со ед­на мер­ка тоа мо­же да ус­пее, ни­ко­гаш не ре­ков­ме де­ка ек­стер­но­то што го по­ну­див­ме бе­ше иде­ал­но и не­про­мен­ли­во. За ме­не е раз­о­ча­ру­вач­ки тоа што СДСМ до­а­ѓа, го уки­ну­ва, а не ну­ди ни­ка­ква дру­га мер­ка за по­до­бру­ва­ње на ква­ли­те­тот во обра­зо­ва­ни­е­то. Ве­ќе ед­на не­де­ла се за­ни­ма­ва­ат са­мо со ре­тро­град­ни про­це­си во обра­зо­ва­ни­е­то, а во ни­ту еден мо­мент не сум слуш­нал по­зи­тив­на из­ја­ва, што ќе на­пра­ват тие за по­до­бру­ва­ње на ква­ли­те­тот – кри­ти­чен е по­ра­неш­ни­от ми­ни­стер за обра­зо­ва­ние Спи­ро Ри­стов­ски, во чиј­што ман­дат бе­ше во­ве­де­но ек­стер­но­то те­сти­ра­ње.

Де­ка со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те не ја отво­ри­ја пар­ти­ја­та со до­бар по­тег по­твр­ду­ва и еден по­стар текст на по­ра­неш­ни­от пот­пре­тсе­да­тел на пар­ти­ја­та, Зо­ран Јо­ва­нов­ски. Тој не са­мо што не мис­ли де­ка ек­стер­но­то е ма­чи­ли­ште, ту­ку уште во 2015 го­ди­на ну­ди и ре­ше­ние за не­го­во по­до­бру­ва­ње. Јо­ва­нов­ски пред­ла­га три че­ко­ри: да се ре­ши пра­ша­ње­то за учеб­ни­ци­те за да се из­бег­не си­ту­а­ци­ја­та од­го­во­рот за не­кое пра­ша­ње од ек­стер­но­то те­сти­ра­ње да го има во еден, но не и во дру­ги­от учеб­ник за исти­от пред­мет; да се из­ме­ни ди­на­ми­ка­та на те­сти­ра­ње­то, на­ме­сто еден тест на кра­јот од учеб­на­та го­ди­на про­вер­ка­та да се вр­ши че­ти­ри па­ти во го­ди­на­та на кра­јот на се­кое три­ме­сеч­је; и да се из­ме­ни при­о­дот во те­сти­ра­ње­то, та­ка што уче­ни­кот ќе мо­ра да се по­тру­ди да ги раз­бе­ре су­штин­ски кон­цеп­ти­те што ги учи.

– „Јас го под­др­жу­вам ек­стер­но­то те­сти­ра­ње, но не ва­кво ка­кво што го имав­ме до­се­га. Тоа бе­ше во­ве­де­но со до­бра на­ме­ра, има по­тен­ци­јал да да­де дол­го­роч­но по­зи­тив­ни си­стем­ски ре­зул­та­ти, но по­треб­на е вол­ја за да се над­ми­нат по­стој­ни­те сла­бо­сти. Из­ме­ни­те на по­стој­ни­от на­чин на те­сти­ра­ње не ба­ра­ат па­ри и мо­жат ре­ла­тив­но лес­но да се на­пра­ват. Си­гу­рен сум де­ка по­те­шко бе­ше да се во­ве­де ек­стер­но­то те­сти­ра­ње и да се обез­бе­дат тех­нич­ки ус­ло­ви за не­го­во ре­а­ли­зи­ра­ње одо­што тоа се­га со­од­вет­но да се ко­ри­ги­ра“, пи­шу­ва Јо­ва­нов­ски.

На кра­јот, ре­фор­ма­то­ри­те од но­ва­та власт има­ат го­тов мо­дел и за­гу­бен ре­цепт. Мо­де­лот го уки­наа, ре­цеп­тот не го нај­доа, а друг не­ма­ат. И по­втор­но од по­че­ток. А сѐ што тре­ба­ше да се сто­ри е да се пог­лед­не по­да­ле­ку и на де­ца­та да им се овоз­мо­жи по­ква­ли­тет­но обра­зо­ва­ние, кое ќе им обез­бе­ди пе­тки во сви­де­телс­тва­та и зна­е­ње во гла­ва­та. Да­ли и кол­ку се ус­пеа во тоа, за жал, не­ма да доз­на­е­ме. Ре­фор­ми­те не се слу­чу­ва­ат пре­ку ноќ, а оваа ре­фор­ма не го до­че­ка де­нот.

Пишува: Катерина Митиќ

(Текст објавен во 249. број на неделникот Република, 9.6.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top