Апелирам до парламентарните групи да ги забрзаат промените на законот за укинување на екстерното тестирање и тој да помине по забрзана постапка. Имајќи ги предвид политичките околности, ги повикувам учениците релаксирано да се подготвуваат за испитот, нема потреба да бидат под стрес бидејќи следната година ќе се укине екстерното, изјави министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу.
Тој вели дека поради околностите и процедурите, оваа година не може да се укине екстерното.
И народниот правобранител, Иџет Мемети вели дека екстерното тестирање дека треба да се укине, затоа што во Македонија брзајќи да се воспостави нов систем за подобрување на квалитетот на образованието, се нарушиле правата во основното и средното образование.
– Сите наши извештаи говорат дека воспоставувањето на тој систем без потребната подготовка, предизвика многу проблеми кај учениците и пропадна како таков. Нашиот заклучок е дека екстерното тестирање треба да се укине во целост – рече Мемети.
СДСМ пред една недела до Собранието достави предлог за измена на Законот за образование, односно, за укинување на екстерното тестирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.