| четврток, 6 декември 2018 |

Нема време да се укине екстерното

Министерот за образование и наука, Пиштар Љутфиу,  изјави дека нема време да се укине екстерното тестирање и учениците да се подготвуваат за полагање.

– Силно верувам дека новата влада нема да донесе закон против граѓаните и учениците во Македонија, затоа би апелирал учениците да се подготват за екстерно тестирање бидејќи донесувањето на законите на се случува преку ноќ, туку треба да биде во консултација и со правниот сектор со правните експерти за да донесе добар закон. Потоа законот ќе мора да помине на комисии, ќе треба во Парламент, па верувам дека ќе треба да помине извесно време по доаѓањето на новата влада – изјави Љутфиу.

Основните и средните училишта во земјава ги прават последните подготовки за спроведување на екстерното, а директорите на училиштата информираа дека техничкиот дел на подготовките е завршен. Од Државниот испитен центар ги објавија датумите кога ќе се полага, а тоа се 5, 6, 8 и 9 јуни. Подготвени се 450 илјади прашања за сите предмети кои до 15 мај беа јавно прикажани.

За да се укине екстерното тестирање, што годинава е закажано да се полага од 5 до 9 јуни, треба да се сменат законите за основно и за средно образование, како и Законот за наставници. Владата треба да донесе нови измени и да му ги предложи на Собранието. Откако Собранието ќе ги усвои измените, новите законски решенија треба да бидат објавени во Службен весник за да стапат во сила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top