| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Екстерното треба да овозможи учениците со сопствен труд да дојдат до знаење во животот

-Екстерното тестирање беше насочено кон подобрување на знаењето или да обезбеди реално знаење, ние сакавме да помогнеме преку таа мерка и на наставниците да им се изврши притисок, ние сакавме да им дадеме оружје на наставниците да ги одбијат родителите, но и да ги натераме децата со труд, со знаење и резултат да дојдат до високи оценки, изјави Никола Груевски во вестите на телевизија Алфа.

-Тоа е една популистичка мерка на СДСМ, тоа  една крајно негативна мерка, знам дека многу родители го поддржуваат тоа, можеби некои родители се среќни сега детето да им се врати со петка, а без доволно знаење, од колку детето откако ќе го заврши школувањето да биде среќно и благодарно од тоа што го научило во образованието, рече Груевски.

Тој истакна и дека многу родители се фалат дека нивното дете завршило на некое престижно училиште во Англија, Америка, Турција и се фалат дека нивните деца имаат многу знање, дека имаат диплома од престижно училиште, додека тука кога во Македонија кога треба да добијат диплома за престижно знаење, тогаш тоа е мачење, а не е мачење кога ќе отидат во Америка или Англија.

-Кога трба да има екстерно тестирање тоа е мачење за учениците, треба да ги отвориме очите за што работиме во ова општество, кои вредности ги сакаме, што сакаме да добиеме во иднина, вели Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top