Реизбор на судиите најавува владата на Полска. Оваа вест лондонскиот весник за бизнис и за економија „Фајненшл тајмс“ го протолкува како закана за независноста на судството нагласувајќи дека на тој начин се проблематизира владеењето на правото во земјата, пишува „Дневник“.
Со наслов „Судирот со судиите ги зголемува стравувањата за владеењето на правото во Полска“ весникот пишува дека најавениот реизбор „од страна на владата може да ја поткопа независноста на судството и поделбата на власта“.
Истата реформа е најавена и во земјата од страна на премиерот Зоран Заев, но за „Фајненшл тајмс“ поголем предизвик, веројатно, е полската влада. Додека судискиот реизбор во Македонија не е предмет на интерес за весникот, специјалната обвинителка Kатица Јанева доби детаљна анализа.
Пред точно една година Јанева беше интересна за анализа од страна на весникот и тоа преку компарација со пејачката Бијонсе.
Со наслов „Жена воин од мало гратче ја тресе македонската елита“ весникот ја опишува специјалната Јанева како „камшик за македонската корумпирана елита и невообичаена икона на протестите за време на политичката криза“.
Според весникот, „работата на Јанева е да ги гони високите политички фигури обвинети за крадење на изборите и за искористување на разузнавачките служби за партиски политички цели“, но амнестијата на претседателот всушност ги исклучува истрагите за „Титаник“ и „Тврдина“.
Според весникот, на почетокот правните кругови гледале со недоверба кон непознатата обвинителка од Гевгелија, која низ смеење разговарала со репортерот на „Фајненшл тајмс“ и му ја открила нејзината љубов кон музичките ТВ- емисии, како што е „Х-фактор“.
– Но многумина велат дека ја потцениле нејзината способност да оствари јавна поддршка. Пред едно кафуле во Скопје две тинејџерки притрчаа да побараат автограм од неа. Во оваа земја таа е како Бијонсе, рече едната, пишува „Фајненшл тајмс“ во текстот кој потоа, како и самиот весник, долго време беше предмет на подбив во Македонија.
На обвинувањата на претседателот дека нејзиното обвинителство е злоупотребено за добивање политички поени, таа одговара: „Не обрнувам внимание на тие забелешки. Си ја вршам својата работа“, објави тогаш во срамното писание „Фајненшл тајмс“ во текст кој очигледно беше нарачка од кругови во Скопје и веројатно напишан токму тука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.