| четврток, 6 декември 2018 |

Предавникот најави прецизна агенда: Продажба на националните интереси за брза интеграција

Пре­диз­бор­на­та по­ра­ка­та на За­ев од Берн де­ка „не мо­же Ма­ке­до­ни­ја да е во пра­во“ во кон­текст на фа­ши­зо­ид­ни­те ста­во­ви за не­ги­ра­ње на сѐ што е ма­ке­дон­ско и отво­ре­ни­те те­ри­то­ри­јал­ни пре­тен­зии, се­га ги пре­не­се во офи­ци­јал­на­та др­жав­на по­ли­ти­ка. Без ни­ка­ква сте­га де­ка ги на­ру­шу­ва по­зи­ци­и­те на др­жа­ва­та, Ма­ке­до­ни­ја ја на­ре­ку­ва „дуп­ка“ без ал­тер­на­ти­ва, ко­ја мо­ра да игра по грч­ки­те пра­ви­ла. Ци­прас ве­ќе му ги ис­по­ра­чал ба­ра­ња­та ка­ко тре­ба да изг­ле­да др­жа­ва­та по „фејс­ли­фтин­гот“

Џа­бе ве­зе За­ев де­ка не­ма­ло да гра­ди спо­ме­ни­ци или да име­ну­ва зда­ни­ја, ко­га ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја јас­но ја на­ре­че про­во­ка­ци­ја. За­ев сѐ уште не раз­би­ра де­ка отка­ко го на­са­ди­ја, се­га стран­ци­те се­кој збор му го ме­рат, па би­ло тоа да е и во на­ме­сте­но „го­ле­мо отво­ре­но“ ин­терв­ју со по­ве­ќе ме­ди­у­ми. До­де­ка се мис­ле­ше ка­ко да ја прот­не ни­ска­та страст за „соб­ле­ку­ва­ње на ба­рем ед­на фа­са­да“, За­ев ја про­да­де ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја ка­ко за­ед­нич­ка.

НЗС од се­то ка­жа­но, од­нос­но по­ра­ка­та што ја ис­пра­ти до стран­ски­те ам­ба­са­ди, всуш­ност е оваа: „Ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја и ли­ко­ви се са­мо дел од бал­кан­ска­та исто­ри­ја на ко­ја си­те на­о­ко­лу има­ат пра­во на ко­ри­сте­ње, освен Ма­ке­дон­ци­те, би­деј­ќи са­мо Ма­ке­дон­ци­те про­во­ци­ра­ат“.

Пре­диз­бор­на­та по­ра­ка­та на За­ев од Берн пред ал­бан­ска­та ди­јас­по­ра де­ка „не мо­же Ма­ке­до­ни­ја да е во пра­во“ во кон­текст на фа­ши­зо­ид­ни­те ста­во­ви за не­ги­ра­ње на сѐ што е ма­ке­дон­ско и отво­ре­ни­те те­ри­то­ри­јал­ни пре­тен­зии, се­га ги пре­не­се во офи­ци­јал­на­та др­жав­на по­ли­ти­ка. Без ни­ка­ква сте­га де­ка со тоа ги на­ру­шу­ва по­зи­ци­и­те на др­жа­ва­та ре­че де­ка Ма­ке­до­ни­ја не е „ки­тка за ми­ри­са­ње“.

За сѐ дру­го – од отво­ра­ње ра­бот­ни ме­ста и по­ви­со­ки пла­ти, до вра­ќа­ње­то на евти­на­та та­ри­фа, се­га ќе де­ба­ти­ра. Всуш­ност, ќе де­ба­ти­ра за сѐ, освен за тоа што е по­ста­вен – да го ури­ва ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет. За­ев е си­гу­рен са­мо за пот­пи­шу­ва­ње до­го­вор со Ати­на, за при­фа­ќа­ње из­ди­кти­ра­но име за др­жа­ва­та, без да се зе­мат пред­вид на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си. За жал, и нај­цр­ни­те пред­ви­ду­ва­ња поч­ну­ва­ат да се ос­тва­ру­ва­ат пред очи­те на ма­ке­дон­ска­та јав­ност. Или, ка­ко што ве­ли За­ев, аген­ди­те на па­тот кон ЕУ и кон НА­ТО се „мно­гу пре­циз­но де­фи­ни­ра­ни“.

За­ев, очиг­лед­но, под­го­тву­ван за ова пра­ша­ње, ка­ко од пу­шка во де­се­ти­на­та ми­ну­ти по­све­те­ни на ин­те­гра­ци­и­те ги нај­а­ви по­се­ти­те на Бри­сел и на Со­фи­ја, за­бо­ра­вај­ќи ја и нај­а­ва­та за сред­ба во Ати­на, за да се „суб­ли­ми­ра­ат оче­ку­ва­ња­та“ кон кои тре­ба да ра­бо­тат. Или, ка­ко што прет­ход­но бе­ше по­ра­ча­но од ма­ке­дон­ска­та дип­ло­ма­ти­ја – да се прет­ста­ви ма­ке­дон­ско­то „но­во ли­це“. Имај­ќи ги пред­вид по­со­чу­ва­ња­та де­ка овој, се­га др­жа­вен тим, ја об­ви­ну­ва Ма­ке­до­ни­ја за бо­жем­ни на­ру­ше­ни од­но­си со со­седс­тво­то, не­ма сом­неж де­ка „но­во­то ли­це“, по пре­по­ра­ки­те од Ко­ѕи­јас, ќе ја раз­бе­ре Ати­на како со­се­дот да из­ле­зе „од за­твор во кој сам се ста­ви“. За да не­ма не­до­раз­би­ра­ња, грч­ки­от пре­ми­ер Ци­прас те­ле­фон­ски му ги ис­по­ра­чал цр­ве­ни­те ли­нии на За­ев уште при пр­во­то про­то­ко­лар­но слу­ша­ње, за овој да не спие на тоа уво де­ка, мо­же­би, и ќе се изв­ле­че од ве­те­на­та рас­про­даж­ба на име­то и на иден­ти­те­тот.

ПОЗНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА ПОДДРШКА

Тој пре­циз­но де­фи­ни­ран пат по кој оди За­ев се све­ду­ва на про­ме­на на име­то на др­жа­ва­та по грч­ки ди­ктат со при­фа­ќа­ње на си­те ус­ло­ви, за што ќе до­бие приз­на­ни­ја од над­вор. Ма­ке­до­ни­ја и до­се­га све­до­че­ла за ва­кви стран­ски „пре­циз­ни евро­ат­лан­ски аген­ди“, без при­фа­ќа­ње да се про­гол­та сѐ што е сер­ви­ра­но од Ати­на, кои не да­ле ре­зул­тат.

Ни­што од ова што За­ев го истак­ну­ва ка­ко по­кри­тие за над­во­реш­на­та ин­тер­вен­ци­ја за со­бо­ру­ва­ње на ле­ги­тим­но из­бра­на­та власт во Ма­ке­до­ни­ја и не­го­во наз­на­чу­ва­ње ка­ко за­дол­жен за но­ва­та др­жав­на по­ли­ти­ка и за на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си, не се не­поз­на­ти до­се­га.

Зар по­ма­ла аме­ри­кан­ска „пре­циз­на аген­да“ бе­ше таа од 2007 го­ди­на, ко­га то­гаш­на­та ам­ба­са­дор­ка Џи­ли­ен Ми­ло­ва­но­виќ пре­до­чу­ва­ше де­ка „Ма­ке­до­ни­ја не тре­ба да се гри­жи да­ли Гр­ци­ја ќе ста­ви ве­то на вле­зот во НА­ТО ако не се нај­де за­ед­нич­ко ре­ше­ние за раз­ли­ки­те за име­то“, из­ја­ва да­де­на по сред­ба на Гру­ев­ски, ка­ко пре­ми­ер, со Џорџ Буш, аме­ри­кан­ски­от пре­тсе­да­тел. Ва­шин­гтон не оче­ку­ва­ше Гр­ци­ја да ја пре­кр­ши би­ла­те­рал­на­та спо­год­ба, во ко­ја де­цид­но стои де­ка Ма­ке­до­ни­ја без ни­ка­кви преч­ки мо­же да се ин­те­гри­ра во ме­ѓу­на­род­ни­те ор­га­ни­за­ции и под при­вре­ме­на­та ре­фе­рен­ца ФИ­РОМ. Но тоа се слу­чи и по­крај си­те ис­пол­не­ти кри­те­ри­у­ми, Гр­ци­ја оста­на не­каз­не­та, што са­мо до­пол­ни­тел­но ја за­си­ли неј­зи­на­та по­зи­ци­ја. Ама За­ев ќе ја скр­шел се­га со збор и со убе­ду­ва­ња!? На жи­ми мај­ка! Важ­но се отка­жу­ва од исто­ри­ја­та, ко­ја им ја оста­ва ка­ко по­да­рок на со­се­ди­те.

За­луд­но се вже­шту­ва За­ев со об­јас­ну­ва­ња де­ка ге­не­рал­ни­от се­кре­тар на НА­ТО по­са­кал ле­то­во да дој­де во Скоп­је и, вни­ма­вај­те, да со­оп­шти уба­ва ин­фор­ма­ци­ја, а За­ев се по­фа­ли де­ка ќе му дал мно­гу при­чи­ни за тоа. Искус­тво­то, по­втор­но , не учи кои би биле при­чи­ни­те за по­фал­би, отка­ко се ис­пол­не­ти си­те ус­ло­ви и НА­ТО го че­ка са­мо грч­ко­то сог­ла­су­ва­ње. На по­че­то­кот на 2014 го­ди­на то­гаш­ни­от ге­не­ра­лен се­кре­тар на али­јан­са­та, Рас­му­сен, на сред­ба со Гру­ев­ски отво­ре­но по­ра­чу­ва де­ка не тре­ба да се оче­ку­ва при­ем на Ма­ке­до­ни­ја сѐ до­де­ка др­жа­ва­та не го ре­ши спо­рот со Гр­ци­ја. За по­тсе­ту­ва­ње, и то­гаш вло­гот и ар­гу­мен­ти­те со пре­су­да­та од Хаг и ба­ра­ње­то за деб­ло­ка­да под ре­фе­рен­ца­та бе­ше во игра. Ни­ту ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца то­гаш, а ни се­га, не се при­др­жу­ва до прин­ци­пи­ел­ни­те по­зи­ции да се спро­тив­ста­ви на грч­ко­то кр­ше­ње на ме­ѓу­на­род­но­то пра­во. Важ­но, За­ев не­ма проб­лем да ја за­мо­ли Ати­на за раз­би­ра­ње, и на тоа во јав­но­ста ја те­ме­ли дип­ло­мат­ска­та актив­ност за отво­ра­ње на евро­ат­лан­ски­те ин­те­гра­ции.

Исти при­ме­ри мо­же да се на­ве­ду­ва­ат и за евро­ин­те­гра­ци­и­те и за про­пад­на­ти­те оце­ни и пре­по­ра­ки од Бри­сел, ко­га си­те отво­ре­ни вра­ти и про­зор­ци оста­наа отво­ре­ни са­мо за вле­гу­ва­ње на си­те по­ра­ки за не­ги­ра­ње на ма­ке­дон­ска­та по­себ­ност во фор­ма на оче­ку­ва­ња за ре­ше­ние на име­то и по­крај пре­су­да­та од Хаг. Низ цел овој пер­и­од , од пр­ва­та пре­по­ра­ка до­се­га се по­со­чу­ва­ше и мож­но­ста Гр­ци­ја да бло­ки­ра ко­га и да по­са­ка, во екот на тие 35, или 36 па­ти до­де­ка (ќе) тра­ат пре­го­во­ри­те по пог­лав­ја, са­мо да доз­во­ли поч­ну­ва­ње на пре­го­во­ри­те. И по­втор­но, ни­што.

Уште по­го­лем ар­гу­мент е тој што пред 2008 го­ди­на и го­ле­мо­то грч­ко бло­ки­ра­ње, за што изо­ста­на ме­ѓу­на­род­на ре­ак­ци­ја што, па­тем, са­мо ги зго­ле­ми и за­си­ли грч­ки­те ба­ра­ња и вко­пу­ва­ње во ро­во­ви, не­ма­ше ни­што што се­га За­ев го по­со­чу­ва ка­ко „про­во­ка­ци­ја со исто­ри­ја­та“. Всуш­ност, сѐ што го­во­ри За­ев, за не­ма­ње га­ран­ции, ту­ку за „по­зи­ти­вен ве­тер“ од Ва­шин­гтон и од Бри­сел, не е не­поз­на­то. Се­га низ За­ев збо­ру­ва не­го­ва­та дес­на ра­ка Ше­ке­рин­ска, ко­ја од 2008 го­ди­на, на се­кои из­бо­ри ве­ту­ва­ше де­ка за шест ме­се­ци ќе поч­не пре­го­во­ри со ЕУ и влез во НА­ТО, опи­шу­вај­ќи ја Ма­ке­до­ни­ја ка­ко „цр­на дуп­ка“ на Бал­ка­нот.

Збо­ро­ре­дот е тој, вклу­чи­тел­но и цр­ве­ни­те ли­нии и иден­ти­те­тот, кои За­ев се­га не се ни оби­де да ги на­ве­де, ту­ку ги обе­ди­ни ка­ко чув­ство пре­ку кое не мо­же да се по­ми­не.

ГАРАНЦИИ НА ЛИНИЈАТА НА ОГНОТ

Ар­гу­мен­ти­те со кои За­ев убе­ду­ва­ше за бр­зи евро­ат­лант­ски­те ин­те­гра­ции, единс­тве­на те­ма за ко­ја тој е си­гу­рен де­ка не­ма да се „отво­ри јав­на де­ба­та“, по се­то ова, оста­ну­ва­ат нес­пој­ли­ви и, во нај­ма­ла ра­ка, ги на­ру­шу­ва­ат по­зи­ци­и­те на др­жа­ва­та во пре­го­во­ри­те и на­о­ѓа­ње­то ре­ше­ние. До­кол­ку, се­ка­ко, ре­ше­ни­е­то не е на­пи­ша­но од по­о­дам­на, а За­ев се­га са­мо тре­ба да го спро­ве­де пре­не­су­вај­ќи ја јав­но­ста жед­на пре­ку во­да.

На­ве­ду­ва де­ка Ма­ке­до­ни­ја про­во­ци­ра со исто­ри­ја­та и ги на­ру­ши­ла од­но­си­те, се отка­жу­ва од исто­ри­ја­та во ко­рист на со­се­ди­те, по­тен­ци­ра не­кол­ку па­ти де­ка Ма­ке­до­ни­ја е „дуп­ка“, де­ка не­ма ал­тер­на­ти­ва, не­ма дру­го ча­ре, освен да при­фа­ти сѐ што ѝ е на­ло­же­но, би­деј­ќи Гр­ци­ја ва­ка мо­же „уште 200 го­ди­ни“. Ако грч­ка­та кан­це­ла­ри­ја на Ци­прас об­ја­ви де­ка тој на За­ев му ги по­вто­рил цр­ве­ни­те ли­нии, За­ев ги ста­ви во об­лан­да, исто ка­ко и де­лот де­ка грч­ки­от пре­ми­ер „ну­дел по­мош“ и му „да­вал на­со­ки да не се пра­ват не­га­тив­ни ра­бо­ти“ со кои се „гре­ше­ло“ во ми­на­то­то.

Иа­ко са­ми­от ве­ли де­ка не­мал „ме­ха­ни­зам“ ка­ко ќе ги за­тво­ри пра­ша­ња­та на евро­ат­лан­ски­те ин­те­гра­ции, се пот­пи­ра на Ва­шин­гтон и на Бри­сел, кои, ка­ко што истак­ну­ва, не му да­ле га­ран­ции. Се­пак, га­ран­ции има, и За­ев е све­сен за нив. Тие га­ран­ции се да­ва­ни и на прет­ход­на­та гар­ни­ту­ра, и во не­го­ва­та пар­ти­ја и на прет­ход­на­та др­жав­на власт. Пра­ша­ње­то бе­ше са­мо кој ќе ги лап­не тие „га­ран­ции“.

Се­то по­со­че­но од За­ев, но и не­си­гур­но­ста на ди­рект­ни­от „лиз­гав“ те­рен око­лу иден­ти­тет­ски­те пра­ша­ња во пос­лед­но­то ин­терв­ју, е са­мо уште ед­на по­твр­да де­ка во Ма­ке­до­ни­ја бе­ше из­вр­ше­на ин­тер­вен­ци­ја за на­сил­но ури­ва­ње на вла­ста, ко­ја не при­фа­ќа­ше за­се­га­ње во на­ци­о­нал­ни­те и др­жав­ни ин­те­ре­си во за­ме­на на ин­те­гра­ции, од­нос­но за за­до­во­лу­ва­ње на стран­ски ге­о­стра­те­ги­ски по­ста­ву­ва­ња. ВМРО-ДПМНЕ е со­бо­ре­на за да мо­же се­га, по­втор­но на­си­ла, да се „за­тво­ри“ име­то на ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва, на ште­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, и со тоа да се от­стра­ни преч­ка­та за влез на др­жа­ва­та во НА­ТО. Тоа што За­ев по­со­чу­ва транс­па­рент­ност и по­мош од опо­зи­ци­ја­та, од­нос­но од ВМРО-ДПМНЕ, е са­мо уште ед­на по­ра­ка де­ка ако не ја „сви­тка­ат кич­ма­та,“ ќе би­дат про­го­ну­ва­ни од овој на­си­ла на­са­ден и од над­вор кон­тро­ли­ран си­стем.

„Ре­пуб­ли­ка“ ве­ќе обе­ло­де­ни дел од сце­на­ри­о­то, кое се­га до­би по­твр­да и од За­ев, де­ка, на­вод­но, ќе сле­ду­ва­ат бр­зи ре­форм­ски за­фа­ти, кои ќе би­дат поз­дра­ве­ни од Бри­сел и од Ва­шин­гтон, ка­ко и де­ка во тоа сце­на­рио За­ев ќе би­де прет­ста­ву­ван ка­ко „го­ле­ма ре­фор­ма­тор­ска ѕвез­да“ на при­е­ми со стран­ски ли­де­ри. Пред­ви­де­ни се и при­е­ми и по­се­ти на звуч­ни стран­ски дип­ло­ма­ти и ви­со­ки др­жав­ни прет­став­ни­ци, ка­ко што За­ев ве­ќе го нај­а­ви ге­не­рал­ни­от се­кре­тар на НА­ТО, кои, ве­ро­јат­но, сле­ту­вај­ќи на ае­ро­дром со но­во име, ќе глу­мат оду­ше­ве­ност од до­ма­ќи­нот и од не­го­ви­те идеи, кој зем­ја­та и на­ро­дот ги но­си во свет­ла ид­ни­на, ка­ко дел од сце­на­рио за за­молк­ну­ва­ње на на­ро­дот за про­ме­на­та на име­то и на иден­ти­те­тот.

Од ин­терв­ју­то се по­твр­ди­ја и пред­ви­ду­ва­ња­та за кре­и­ра­ње сли­ка де­ка Ма­ке­до­ни­ја на­за­ду­ва­ла во од­но­си­те со со­се­ди­те, за чи­е­што за­топ­лу­ва­ње За­ев ќе до­бие „огром­ни приз­на­ни­ја“. Во па­кет со удо­во­лу­ва­ње на Гр­ци­те за име­то, ќе ги по­че­сти и Бу­га­ри­те со до­го­вор со кој ќе до­би­јат сѐ што по­са­ку­ва­ат, а за воз­врат Со­фи­ја ќе не „ста­ви на аген­да за ин­те­гра­ции“ ка­ко што нај­а­ви За­ев. Ал­ба­ни­ја и Ко­со­во и та­ка ве­ќе го сла­ват, и пред гла­са­ње­то за членс­тво во УНЕ­СКО. Без из­не­на­ду­ва­ње, стран­ци­те ќе при­тис­нат и Ср­би­те да го по­фа­лат за не­што, осо­бе­но што по сме­на на име­то, екс­прес­но ќе се ре­ши и цр­ков­но­то пра­ша­ње.

Де­но­ви­ве ве­сти­те од Ати­на и од све­тот ја по­твр­ду­ва­ат и ме­ѓу­на­род­на­та по­пуст­ли­вост пред грч­ки­от долг, што не­ма да оста­не не­нап­ла­те­но зад сце­на­та. „Ре­пуб­ли­ка“ пред­ви­де де­ка во оваа игра за сме­на на име­то не­ма да изо­ста­не не­ка­ков обид и Гр­ци­ја да по­пу­шти не­што, ама тој при­ти­сок ќе е мал, за да не се слу­чи про­ме­на на та­мош­на­та власт со гар­ни­ту­ра што е по­твр­да за име­то. Мно­гу е јас­но де­ка Гр­ци­ја не­ма да при­фа­ти ма­ке­дон­ска на­ци­ја и по­се­бен иден­ти­тет. За да мо­же да се сим­не фи­зич­ка­та гра­ни­ца ме­ѓу две­те зем­ји Гр­ци­ја ќе ин­си­сти­ра или ток­му ма­ке­дон­ска­та на­ци­ја да се са­мо­о­без­ли­чи, а иден­ти­те­тот да го са­мо­у­ни­шти.

Не слу­чај­на бе­ше се­та оваа три­го­диш­на би­тка, ко­ја сце­на­ри­сти­те ја во­деа за да се тур­не ко­а­ли­ци­ја­та на ВМРО-ДПМНЕ од вла­ста и да се по­ста­ви ва­ква гар­ни­ту­ра, ка­ква што Ма­ке­до­ни­ја со ни­што не зас­лу­жу­ва. За тоа се свес­ни и Ва­шин­гтон и Бри­сел, кои, се­пак, не гле­да­ат во нив дол­го­тра­ен парт­нер. Но, нив­но­то сце­на­рио за ли­ни­ја­та на ог­нот, на ко­ја е и Ма­ке­до­ни­ја, го тур­ка­ат до крај. Да­ли Ма­ке­до­ни­ја и иден­ти­те­тот на оваа на­ци­ја по­втор­но ќе би­дат жр­тва на но­ви­те ге­о­стра­те­ги­ски игри, и по ве­ков­но оп­сто­ју­ва­ње и пр­ко­се­ње ќе се ста­ви крај на „ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње“, оста­ну­ва да ре­ша­ва оваа ге­не­ра­ци­ја Ма­ке­дон­ци.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 249. број на неделникот „Република“, 9.6.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top