НАТО планира до пролетта 2018 година да ја прими Македонија како полноправна членка, тврди агенцијата „Спутник“, повикувајќи се на сопствени извори од алијансата.
– Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, планира до средината на јули да го посети Скопје и да разговара со тамошните власти. Целта е до пролета в година оваа земја да биде примена во Северноатлантскиот пакт – изјавил неименуваниот соговорник на „Спутник“.
Според истиот извор, САД активно работат на истата задача.
– Вчера американскиот амбасадор во Скопје се сретна со министерот за одбрана на Македонија и разговараа на истата тема. Вашингтон го повикува Скопје да направи отстапки и, според сѐ, таму, подготвени се на такво нешто – изјавил изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.