| четврток, 6 декември 2018 |

ДПМ ќе побара да има измена во лектирите за основно и средно образование

ДПМ оценува дека содржините на лектирата што им се нуди на учениците во голем дел е застоена и не кореспондира со вистинските вредности во делот на класичната литература, но и со новите трендови во домашната и светската книжевност

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) на претстојното редовно годишно собрание, закажано за 22 јуни, ќе покрене иницијатива за преиспитување на содржините на лектирата за основно и средно образование.

ДПМ оценува дека содржините на лектирата што им се нуди на учениците во голем дел е застоена и не кореспондира со вистинските вредности во делот на класичната литература, но и со новите трендови во домашната и светската книжевност.

ДПМ ќе побара од Министерството за култура и од Министерството за образование и наука да ги употребат своите механизми, со учество на независни експерти од областа на книжевната наука и образованието, за прочистување на лектирата според естетските параметри и реалните очекувања од современиот образовен систем, како и ослободување на изборот на авторите и делата од било какви идеолошки и други нелитерарни мотиви. Ваквата иницијатива, во која Друштвото на писателите е подготвено да партиципира во сите фази од нејзиното  ќе придонесе за афирмација и доближување на вистинските вредности на литература што се создава на македонски јазик и на јазиците на националностите до младите читатели, во контекстот на книжевните вредности што доаѓаат од светот, а тоа ќе го подигне нивото на образованието во областа на уметноста на пишаниот збор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top