Во рамките на МНТ фест вечерва на сцената на МНТ гостува Народниот театар од Бугарија „Иван Вазов“ со претставата „Дон Жуан“. Режисер е Александар Морфов, Сценографијата на Александар Орлов и Александар Морфов, Костимограф: Марина Раичинова, Кореограф: Мила Искренова и фотограф: Божидар Марков.
Во претставата играат: Дејан Донков, Велислав Павлов, Ана Пападопулу, Милена Аврамова, Теодора Духовникова, Рени Врангова, Жорета Николова, Валентин Ганев, Валери Јорданов, Јулијан Вергов, Пламен Пеев, Руси Чанев, Филип Аврамов, Дарин Ангелов, Дејан Ангелов, Слав Бистрев, Ева Данаилова и Владислава Николова.
-За да се вклучите во актерската стихија на неверојатни сценски инкарнации. За да видите како вечниот заводник Дон Жуан влегува во бескраен судир со љубовта, сомнежот, светот, па дури и со себе си. За да ја почувствувате бесконечната жед да се љуби, но и невозможноста да се насити и да се наслади на љубовта.
За да си ги поставите секогаш актуелните прашања – Како живееме? И во што да веруваме?
Дон Жуан:
-Ја поседувам амбицијата на освојувачот. Чувствувам
Дека моето срце би можело да ја љуби целата земјина топка.
И како Александар Македонски би посакал
Да постојат и други светови, за да можам и во нив
Да ги проширам љубовните освојувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.