Четвртиот Меѓународен фестивал „МНТ Фест“ вечер ќе заврши со гостување на Народно позориште од Белград со претставата „Иванов“ од Антон П. Чехов во режија и адаптација на Татјана Мандиќ-Ригонат, во која насловната улога ја игра Никола Ристановски. На матичната сцена претставата премиерно е изведена во октомври минатата година.
„Иванов“ е првата поставена претстава на Чехов. Праизведбата била во 1887 година во театарот „Корша“, по која авторот направил корекции на текстот и неколку верзии, од кои најголемата промена била во доменот на жанрот – од комедија во драма – за изведбата во Александрискиот театар.
Нејзиниот успех се должел на тоа што се однесувала на актуелните проблеми на руските интелектуалци во осумдесеттите години на 19 век. Според театролозите, во руската театарска и литаратурна критика не постои лик што предизвикал толкав број расправи, спорови и интерпретации како Чеховиот Иванов.
Годинашниот МНТ Фест почна на 3 јуни со премиера на „Ничија земја“ во режија на Александар Морфов. На програмата на фестивалот беа и: „Магбет: Исплашена душа“ на Пекиншкиот оперски театар; „Дон Жуан“ на Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија; Балкански стендап „Сашко Коцев и пријателите“, како и две претстави за најмладите во продукција на МНТ – „Силјан Штркот шанца“ и „Авантурите на Аладин“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани