| четврток, 6 декември 2018 |

Детски МНТ-Фест

„Силјан штркот шанца“ (12 часот) и „Авантурите на Аладин“ (18 часот) се денеска на програмата на четвртиот МНТ-Фест кој е во тек во Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје.

Првпат годинава МНТ се реши да ги вклучи во програмата на Фестивалот и претставите наменети за децата.

Во 20 часот, во рамки на МНТ-Фест ќе биде прикажан документарниот филм „Право кон ѕвездите“.

Годинашниот МНТ-Фест почна со премира на „Ничија земја“ во режија на Александар Морфов, а завршува на 13 јуни со „Иванов“ на Народно позориште од Белград каде што нашиот Никола Ристановски ја игра главната улога.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top