Дипломатската активност на Србија е насочена кон тоа да биде најдено трајно решение за косовскиот проблем, изјави министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
– Сите средби, кои се одржуваа и ќе се остваруваат, се многу важни како подготовка на теренот за некакво взаемно прифатливо решение за Косово. Србија е подготвена за компромис и ние направивме некои многу важни отстапки, изјави Дачиќ за телевизија Прва, коментирајќи ја денешната посета на претседателот на Србија, Александар Вучиќ на Германија.
Тој рече дека шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан се воодушевил од „волјата и подготвеноста на Србија“ да вложи многу со цел да се постигне трајно решение.
– Без Франција и Германија тешко дека може да се договори решение со европските партнери, изјави Дачиќ.
Говорејќи за формирањето на Заедницата на српските општини во Косово, Дачиќ рече дека е многу важно да се види како тие официјални лица реагираат на случувањата околу ЗСО.
– Дури поранешниот премиер на Шведска, Карл Билд се потсмеваше на мислењето на тимот на Федерика Могерини дека ќе се тргне кон подготовка на ЗСО, пет години по склучувањето на Бриселскиот договор. Ја поздравуваме оваа желба да се тргне од мртвата точка и дури и во најтешките моменти не сме кажале дека го прекинуваме дијалогот, изјави Дачиќ, додавајќи дека ЗСО е клучен тест за Приштина и ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Со мојата Зорица дома секој ден правам компромис (ВИДЕО)
-
Глумицата Јана Стојановска пее во дует со Ивица Дачиќ „Како ми недостајеш“ (видео)
-
Не знае англиски, ама пее на турски-Дачиќ му запеа на Ердоган, Вучиќ умираше од смеа(видео)
-
Дачиќ: Ќе му се извиниме на Харадинај ако не добива редовно ручек во затвор