Австриецот Доминик Тим го декласира бранителот на титулата на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ, и избори пласман во полуфиналето на вториот гренслем во сезоната.
Тим, кој е седми на АТП листата, за два часа и 16 минути го „прегази“ Ѓоковиќ со 3-0 (7-6, 6-3, 6-0) во сетови, кој на младиот австриски тенисер успеа да му пружи отпор само во првиот сет. Се потоа беше рутина за Тим кој без никакви проблеми ги освои и следните два сета.
Тим во своето прво полуфинале во кариерата на гренслем турнирите, ќе игра против деветкратниот освојувач на Ролан Гарос, Рафаел Надал, на кого сонародниот Пабло Карењо-Буста му го предаде четвртфиналниот меч по 52 минути игра.
Инаку, Ѓоковиќ со поразот во четвртфиналето на Ролан Гарос ќе го загуби и второто место на најноватра АТП листата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.