| четврток, 6 декември 2018 |

Утре во 21 часот во „Јане Сандански“: Четирите трофеи на Вардар во чест на навивачите

Новиот европски првак Вардар пред своите навивачи утре ќе ги претстави сите трофеи освоени оваа сезона по завршувањето на последното коло од домашното првенство. Натпреварот против Борец ќе се игра во Велес во 19 часот, а црвено-црните и формално ќе ја освојат титулата во македонското првенство, а потоа сите четири трофеи ќе бидат доведени во Скопје со свечена церемонија во 21 часот во салата „Јане Сандански“.
-Ги повикувам сите фанови на Вардар, утре во 21.00 часот, сите заедно да ја исполниме С.Ц „Јане Сандански“. Со победа над Борец да заокружиме нова титула во домашната лига и да направиме вистински спектакл, рече директорот на клубот, Давор Стојановски.

Мечот од 10. коло од плеј офот во првенството на Македонија со Велес се игра во 17 часот. Свечената церемонија на доделување на шампионскиот пехар и златните медали за нашите момци ќе биде во СЦ „Јане Сандански“ во 21 часот.

Вардар триумфираше сезонава во СЕХА лигата, во домашниот куп, во Лигата на шампионите и на крајот и домашното првенство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top