Додека за првиот социјалдемократ Зоран Заев се водат неколку судски постапки, а голем број кривички пријави чекаат да бидат процесуирани, Владата на Република Македонија на денешната седница одлучи да иницира постапка за разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски.
Иако најавуваше реформи и нов живот, наместо за зголемување на платите и пензиите, првата изјава на Заев како премиер беше поврзана токму со смената на Зврлевски, што и не зачудува, бидејќи јавниот обвинител е првиот кој лично го загрижува аболицираниот криминалев Зоран Заев.
Како што се наведува во владиното соопштение, ваквата одлука била донесена поради наводно незаконско и ненавремено извршување на функцијата, согласно законските одредби, и тој ќе биде доставен до Советот на јавни обвинители на Република Македонија и да побара мислење.
За волја на вистината, во Јавно обвинителство се води постапка против Заев за случајот „Поткуп“, дело за кое постои законски прибаена видеоснимка на која јасно се гледа како сегашниот премиер како тогашен струмички градоначалник бара поткуп од струмички бизнисмен. На снимката се гледа дрскоста со која Заев се чуди како бизнисменот не ги знае правилата на општината кога веќе многу други фирми му дале поткуп.
Ова ја потврдува тезата дека Заев ги става личните интереси пред јавните и дека разрешувањето на Зврлевски ќе му донесе исклучиво лична корист, односно со поставување свој човек на месотто јавен обвинител ќе успее да го избегне обвинението за „Поткуп“.
Сепак, ова не треба да зачудува. Уште во предизборната кампања, еден од „реформските проекти“ на Социјалдемократскиот сојуз беше токму репресија врз судството, која Заев планира да ја спроведе со целосен реизбор на судиите. Ваквиот начин на владеење на партијата на Заев граѓаните веќе еднаш го осетија на своја кожа – во 1996 година беше извршен избор на 600 судии одеднаш.
Од друга страна потегот на Заев е логичен ако се има предвид дека тој е само исполнувач на агендите на идеологот на антиреформската кампања на СДС, Љубомир Фрчкоски, кој во понеделничката колумна „Само напред и никогаш роб“ во списокот „реформи“ ја предвиде и токму оваа „реизбор на судиите (комплексен проект со учество на странци, некои модели од соседството се корисни. Она што е важно е да се изберат судии на начин што ќе ги стабилизира од коментари дека биле „нивни“, а сега се „наши“, а тоа учеството на странци во изборот може да обезбеди)“.
Законот предвидува дека Владата по претходно мислење од Советот на јавни обвинители до Собранието поднесува предлог за разрешување на јавниот обвинител. Зврлевски може да биде разрешен од функцијата пред истекот на мандатот поради незаконито, ненавремено или недоволно стручно вршење на функцијата, ако со своето однесување и дејствување покажува дека не е способен за извршување на функцијата, ако не поднесува барање за покренување кривична постапка во случаи предвидени со закон и поради нарушување на угледот на функцијата. Советот е должен во рок од 15 дена да и одговори на Владата со позитивно или негативно мислење.
Обвинителството отвори нова истрага за криминал против лидерот на СДСМ Зоран Заев
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


