| четврток, 6 декември 2018 |

Рибата навистина смрди од главата: Лепливи биле прстите и на шефицата на Кабинетот на Заев?

Иако е единствениот аболициран, Зоран Заев не единствениот криминалец во својот кабинет. Наметнатиот премиер, кој го избра за Драги Рашковски за генерален секретар на Владата на Р. Македонија, на чело на својот кабинет ја поставил Мирјана Јанева, свој човек од доверба, која работи за Заев од своето излегување во затвор, пишува Инфомакс.
Според порталот Јанева била осудена за проневера на голема сума пари и злоупотреба на функцијата како вработена во фришопот на границата со соседна Бугарија, кој беше во сопственост на „Југопромет“.


Со пресуда од окружниот суд во Штип, објавена на официјалната веб страница на судот, Мирјана Јанева била осудена на казна затвор во траење од една година и три месеци за кривично дело предвидено во член 177 став 2 во врска со став 3 од Казнениот законик на Сојузна Република Македонија (Злоупотреба на службена положба – со значитела штета, односно прибавена противправна имотна корист).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top